Портланд славеше на гостински терен против Денвер со 90-97 во вториот натпревар од полуфиналната серија во Западната конференција од НБА лигата. Кошаркарите на Портланд одиграа одличен меч водејќи од првата до последната минути, па успеаја да стигнат до брејк за 1-1 во серија.
До полувремето гостинските кошаркари имаа 15 поени предност, па во продолжението на Денвер не му помогна ниту будењето на Јокиќ.
МекКалум беше најефикасен на натпреварот со 20 поени, додека кај Денвер се издвои Никола Јокиќ со „дабл-дабл“ од 16 поени и 14 скока. Родни Худ и Енес Кантер исто така имаа добра ноќ со по 15 поени кај гостите, па ја надоместија нешто полошата вечер за Демијан Лилард кој запиша само 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

