Портланд не дозволи да биде елиминиран од полуфиналнето во Западната конференција на негов терен. Го доби дуелот број шест во серијата против Денвер со 119-108 и обезбеди мајсторка која ќе биде одиграна в недела на теренот на „нагетс“.
Си Џеј Меккалум со 32 поени , Демијан Лилард со 30 и Родни Худ со 25 беа креатори на успехот на Портланд додека кај Денвер Никола Јокиќ беше најдобар на паркетот, му недостасуваа две асистенции за петтиот трипл-дабл во плеј-офот. Српскиот центар постигна 29 поени, имаше и 12 скока и осум асистенции.
Победникот од оваа серија ќе се соочи со подобриот од полуфиналето меѓу Голден Стејт и Хјустон во кое шампионот води со 3-2, но серијата ќе мора да ја игра без Кевин Дурент.
И Филаделфија идентично како и Портланд обезбеди мајсторка во полуфиналето против Торонто добивајќи го шестиот натпревар на домашен терен. „Севентисиксерс“ триумфираа со 112-101, а мајсторката за место во финалето на Источната конференција против Милвоки ќе биде во Канада в недела.
Целата почетна петорка на Фиалделфија имаше двоцифрен ефект, Батлер 25 поени, Симонс 21, Ембид 17, Херис 16 и Скот и Редк по 11 поени. Кај Торонто Ленард со 29 поени беше прв стрелец, Сиакам постигна 21, а Лаури 13.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

