Портланд по голема битка и две продолженија славеше над Бруклин со 148-144, но прескапо ја плати оваа победа поради повредата што ја заработи Јусуф Нуркиќ. Босанскиот центар настрада во второто продолжение, незгодно доскокнувајќи во обидот за офанзивен скок, по што веднаш стана јасно дека повредата е многу сериозна. Портланд на крајот успеа да слави и ја продолжува трката со Хјустон за третото место во Западната конференција, но јасно е дека отсуството на одличниот центар ќе биде сериозен проблем за неговиот тим во наредниот период.
Jusuf Nurkic went down with a gruesome injury
Wishing a speedy recovery
pic.twitter.com/LRU6nNEyrc
— Sports Daily United (@sdumultimedia) March 26, 2019
Оклахома сити претрпе пораз на гостувањето против Мемфис со 115-102, пред се поради очајното шутерско издание на двајцата клучни играчи, Расел Вестбрук и Пол Џорџ. Двајцата вкупно погодија 16 од вкупно 49 упатени шутеви, премалку за да се стигне до позитивен резултат на ова незгодно гостување.
Букер одигра одличен меч и постигна дури 59 поени за Феникс, но и тоа беше недоволно за да се избегне убедлив пораз од Јута (125-92).
Резултати НБА:
Орландо – Филаделфија 119-98, Мемфис – Оклахома сити 115-103, Јута – Феникс 125-92, Портланд – Бруклин 148-144.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА