Портланд украден од судиите – Лилард „збесна“, Богдановиќ феноменален за триумф на Сакраменто (ВИДЕО)

Изминатава ноќ беа одигра седум натпревари во НБА лигата од кои како најинтересен се издвои оној меѓу Јута и Портланд во Солт лејк сити.

Иако во третата четвртина Портланд имаше предност и од +16 поени, домашните на крајот славеа со 117-114. Завршницата беше повеќе од тензична со многу протести кон судиите и објективно грешки во судиските одлуки. На 13,5 секунди пред крајот, Демијан Лилард тргна на положување, па со поени од оваа акција Портланд би израмнил на 116-116. Неговиот обид го блокира Гоберт, но сите во гостинскиот табор беа сигурно дека поените ќе бидат признати поради надолната линија на топката во моментот на блокадата. Но, тоа не се случи, поради што Лилард сосема оправдано збесна по таа судиска одлука.

 

Неколку секунди потоа Бојан Богдановиќ од линијата за слободни фрлања погоди едно и ги постави конечните 117-114.

Најефикасен на натпреварот беше Демијан Лилард со 42 поени, а неговиот соиграч МекКалум постигна 27 поени. Кај Јута се истакна Богдановиќ со 27 поени.

Интересно беше и во Вашингтон, каде домашните славеа со 119-118 против Далас со посените на секунда пред крајот на Бредли Бил. Тој беше и најефикасен на мечот со 29 поени.

 

Сакраменто на свој паркет лесно го победи Мајами со 105-97. Кај Сакраменто се издвои Богдан Богдановиќ со 23 постигнати поени.

Филаделфија славеше против Мемфис со 119-107, Бостон беше подобар од Атланта победувајќи со 112-107. Индијана загуби од Торонто со 106-115, а Оклахома го победи Детроит со 108-101.

 

Се вчитува...