Швајцарскиот репрезентативец Никола Портнер ќе го напушти Магдебург на крајот од сезонава, но негова следна дестинација во кариерата нема да биде Вардар иако „црвено-црните“ пред неколку месеци покажаа сериозен интерес да го доведат искусниот голман во своите редови.
Последните информации говорат дека Унгарија ќе биде следната дестинација во кариерата на овој голман, кој начелно ги договорил условите за соработка со Пик Сегед.
Магдебург веќе ја договорил неговата замена, хрватскиот репрезентативец Доминик Кузмановиќ на крајот од сезонава ќе му се приклучи на актуелниот европски првак. Кузмановиќ блеска на голот на Гумерсбах по трансферот од Нексе, а добрите партии во Бундес-лигата беа препорака тој да потпише за гигантот кој е редовен учесник во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

