Голманот на Магдебург, Никола Портнер, има причина за задоволство откако Германската Ракометна Федерација денеска објави дека ја укинува изречената суспензија по позитивниот допинг тест на швајцарскиот репрезентативец.
Казната беше изречена на 11 април по допинг-тетирањето на Портнер кое покажало мало количество на метамфетамин во неговата урина, што автоматски повлекува првична суспензија и дополнителна истрага.
Како што информираше федерацијата, во изминатиот период бил извршен и претрес во домот на Портнер, каде што не биле најдени доказ за користење на ова недозволено средство, а во консултациите со бројни експерти биле добиени информации дека количеството на мемфатемин во урината на голманот било толку мало што никако не можело да помогне за подобрување на неговите способности.
Поради ова, постоел сомнеж дека недозволеното средство е случајно внесено во организмот и не станува збор за намерен допинг, за што во предвид е земен и спортскиот имиџ на Швајцарецот, кој важи за беспрекорен професионалец, како за сите соиграчи од својот тим, така и кај ривалските екипи.
Поради сето ова, Германската Ракометна Федерација објави дека ја укинува суспензијата на голманот на Магдебург, кој ќе може да тренира со тимот летово и да се подготвува за предизвиците што ќе го очуваат овој клуб во наредната натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА