Никола Портнер го очекува долга суспензија и пауза од ракометните терени откако и вториот примерок при тестирањето се покажал позитивен на метамфетамин.
Швајцарскиот голман на Магдебург важеше за еден од најдобрите ракометари на актуелниот европски првак, па како бомба одекна веста дека Портнер бил позитивен на допинг-тест, поради што доби суспензија и забрана да тренира со соиграчите. Швајцарецот категорично демантираше дека земал недозволени супстанци и веруваше дека Б-примерокот ќе го докаже тоа, но за жал новиот тест само ја потврди вината на одличниот голман.
„Бев известен дека контролата очигледно го потврдила „резултатот од анализата кој отстапува од нормата“ и поради тоа е покрената постапка против мене. Оваа информација длабоко ме шокираше. Искрено жалам за ситуацијата и ќе направам се што е во моја моќ за да докажам дека немам прекршено ниту едно антидопинг правило и секогаш се однесував во духот на спортските вредноста. Молам за разбирање бидејќи не можам да давам дополнителни изјави за случајот“, објави Портнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА