Данскиот ГОГ Гудме стигна до многу важна победа во борбата за нокаут фаза во Лигата на шампионите откако вечерва во последниот меч од денешната програма во Лигата на шампионите славеше на домашен терен против Порто со 35-27.
Данците уште од самиот старт тргнаа фуриозно па веќе на пауза имаа голема предност од плус девет (20-11). Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 35-27. Менсинг со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Плаза постигна шест.
На овој меч дел од тимот на Порто не беше македонскиот голман Никола Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА