Порто е нов шампион на Португалија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Порто стигнаа до титулата во португалскиот фудбалски шампионат, откако во претпоследното коло славеа на гостувањето кај Бенфика на „Луж“ во дербито на португалскиот фудбал со минимални 0-1.

Очекувано тврд натпревар во кој двата тима, не му дозволија на противникот да се разигра, а за издвојување до самиот крај на натпреварот беше само поништениот гол на напаѓачот на домашните Дарвин Нуњез во 52. минута.

Голот победа и нова титула за Порто го постигна Заиду во 94. минута на асистенција на Пепе.

Ова за Порто e јубилејна 30. титула во шампионатот на Португалија.

Joao mario (FC Porto) Falon D’Floor nominee from soccer

 

 

 

Се вчитува...