Порто ги откажа сите натпревари во ЛШ

Управата на Порто донесе одлука да ги откаже сите преостанати натпревари од групната фаза во Лигата на Шампионите, бидејќи целиот тим е во голем шок по срцевиот удар на првиот голман Алфредо Квинтана. Португалскиот голман се уште се наоѓа во тешка состојба во кома во болницата во која беше однесен веднаш по трагичниот настан, а раководството на Порто решило во наредниот период овој тим да не игра ниту еден од предвидените натпревари.

Ова го објави белорускиот првак Брест Мешков, кој требаше да игра со Порто, но ја добил информацијата дека Португалците ги откажале сите средби во ЛШ до крајот на групната фаза. Останува да се види дали Порто ќе игра во нокаут-фазата, во која ќе се пласираат сите екипи кои се дел од ЛШ.

Квинтана се уште се наоѓа во исклучително тешка состојба по срцевиот удар кон оставил трага и врз функционирањето на неговиот мозок. Во текот на вчерашниот ден Кубанската Ракометна Федерација (Квинтана е роден во оваа земја) објави дека голманот починал, за потоа да ја повлече информацијата. Борбата за живот на одличниот голмн продолжува…

Се вчитува...