Порто ја повлече „единицата“ и потсети на најдоброто од Квинтана (ВИДЕО)

Ракометниот свет жали по препрано починатиот Алфредо Квинтана кој по четиридневна борба ја загуби најважната битка. Голамот на Порто доживеа срцев удар на тренингот на тимот кој остави последници врз функционирањето на неговиот мозок. Португалскиот состав во чест на својот голман, експресно го повлече дресот со број „еден“.

„Дресот со број „еден“ нема повеќе да биде користен во нашиот ракометен тим, како што беше предложено од претседателот Хорхе Нуно Пинто да Коста“ – стои во објавата на Порто.

Порто, во чест на Кубанецот кој ги бранеше и боите на Португалија посвети и видео од најдобрите одбрани во „синиот“ дрес.

Се вчитува...