Раководството на Порто е подготвено да ја намали цената на своето крило Франциско Консеисао за да му овозможи на играчот да се пресели во Јувентус. Португалецот ја помина последната сезона во редовите на „старата дама“ на позајмица, каде што играше добро и постигна 7 гола и имаше 6 асистенции на 40 натпревари. „Бјанконерите“ платија фиксна сума од 7 милиони за неговите услуги, а договорот вклучуваше бонуси за уште 3 милиони, од кои околу два се постигнати.
Договорот меѓу двете страни содржи и откупна клаузула од 30 милиони евра, која е активна до средината на овој месец, а потоа се зголемува на 45 милиони. Сепак, Јуве досега испрати понуда од 22 милиони, која ќе достигне износ од 30 милиони, но само со дополнување на минатите плаќања кон Португалецот.
Порто првично ја одби понудата, но оттогаш покажа подготвеност да преговара и да ги намали своите барања. Една од причините за ова е што тимот од „Алијанц стадион“ активно преговара и за договор со Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед , а комплетирањето на таков трансфер би можело сериозно да ги поткопа шансите на Консеисао трајно да остане во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

