Екипата на Порто претрпе пораз од 35-24 на гостувањето во Монпелје, четврти неуспех за тимот на македонскиот голман Никола Митревски во седмиот овосезонски натпревар во Лигата на Шампионите.
Митревски повторно не почна како стартен голман, а противникот знаеше како да го искористи тоа, на одмор имаше водство од 18-13 што францускиот тим дополнително го зголеми на стартот од вториот дел. Македонецот на претходните средби знаеше да го врати Порто „од мртвите“, но овојпат Митревски предоцна застана на голот, а и Монпелје покажа квалитет и искуство не дозволувајќи камбек на португалскиот првак.
Нашиот репрезентативец го заврши мечот со шест успешни интервенции, исто толку имаше и првиот голман Маркеш, кој имаше само 21% на успешност наспроти 37% успешни интервенции на Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА