По повод Националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата на Кралството Холандија и „Гоу грин“ Скопје ја организираат втората портокалова велосипедска тура во петок, 25 април, со почеток во 16 часот на платото пред „Ист гејт мол“.
Во рамки на Деновите на Холандија кои се одржуваат од петок до недела во „Ист гејт мол“ ќе има и натпревар за најдобро декориран велосипед и игра на потрага како и холандски базар на кој ќе се претстават повеќе холандски компании.
На настанот ќе има подароци, музика, храна и уште многу други активности поврзани со Холандија и јубилејните 750 години од основањето на Амстердам.
„Амбасадата на Кралството Холандија и ‘Гоу Грин’ Скопје ги покануваат сите урбани велосипедисти заедно да го прослават Денот на Кралот со возење велосипеди на холандски начин во 16 часот на платото на „Ист гејт мол“ за Портокаловата велосипедска тура или во 16:30 часот за отворањето на Деновите на Холандија во „Ист гејт“ – се вели во повикот од организаторите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА