Поранешниот тренер на Монако, Леонардо Жардим, ќе стане нов тренер на Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.
Жардим на таа позиција ќе го замени Хернан Креспо, со кого клубот од Емирати го раскина договорот.
Креспо доби отказ по поразот со 5-1 од Ал Наср од Саудиска Арабија во последното коло од азиската Лига на шампиони, што беше четврти натпревар по ред без победа за неговиот тим.
Аргентинскиот стручњак минатата сезона со Ал Аин ја освои азиската Лига на шампиони. Покрај Монако, Жардим во кариерата беше тренер и на Спортинг, Олимпијакос и Брага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА