Португалскиот напаѓач Фабио Силва е на „радарот“ на Борусија Дортмунд, и би можел ова лето да го засили тимот на „милионерите“. Силва во моментов игра за Лас Палмас како позајмен од Вулверхемптон, и би дошол во Дортмунд како „бекап“ за Серху Гираси.
Силва сезонава постигна 10 голови во 24 меча во Ла Лига. Има договор со Вулверхемптон на уште една година, а трансферот би требало да го чини германскиот им околу 20 милиони евра.
Борусија ова лето ќе се ослободи од напаѓачите Јусуфа Мукоко и Себастијан Халер, кои ја поминаа сезонава на позајмици во Ница, односно Утрехт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

