Португалецот е дарежлив: Онана добива нова шанса од Рубен Аморим

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана беше исклучен од составот кој во Премиерлигата се сретна со Њукасл Јунајтед поради катастрофалнтие грешки на средбата со Лион во Лига Европа, но и неговата замена Алтај Бајиндир не се прослави на голот на „црвените ѓаволи“.

Со оглед на важноста на реваншот против францускиот тим Аморим нема повторно да ризикува со турскиот голман и меѓу стативите ќе го врати Андре Онана, давајќи му шанса да докаже дека е вистински избор за прв голман, потврди и самиот португалски стратег.

„Онана ќе игра утре. Првенствено морам да размислам и како тренер и како поранешен фудбалер, се обидувам да помогнам на играч во ситуацијата во која е тој. Често говориме за менаџирање со фудбалерите физички, но мораме да ги менаџираме и психички. Мора да се се врати во комбинација. Тој е подготвен. Имаше еден викенд да се пронајде себе си, му требаше да одмори.

Дилемата постои, но така е кога сте тренер. Секоја одлука има две опции. Може да игра многу добро утре, во што сум сигурен, но доколку е спротивно луѓето ќе кажат дека е погрешка одлука. Никогаш не знаеме“, изјави Аморим.

Се вчитува...