Португалија го најде решение за сензационалниот Луксембург забележувајќи висока победа од 9-0. Дилемите за победникот беа решени уште во првото полувреме во кое беа постигнати четири гола, по два на Иначио и Рамос.
Во второто полувреме Португалците дополнително ја зголемија победата со двата гола на Жота и по еден на Хорта, Ферандеш и Феликс со што воедно ја зголемија и предноста на првата позиција во групата „Ј“.
На второто место пак се зацврсти Словачка која славеше со 3-0 против аутсајдерот Лихтенштајн, интересно постигнувајќи три голови за само шест минути игра. Исланд на домашен терен славеше против Босна и Херцеговина со 1-0 благодарение на голот на Финбогасон во 92. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

