Португалија до тешка победа против Турција, Хрватска се мачеше со Грција

Ракометната репрезентација на Португалија стигна и до петтата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија, откако потешко од очекуваното славеше на гостувањето кај Турција со 35-37. Мартинш Соарес со седум гола беше најдобар поединец кај Португалците, додека кај Турците Доне постигна еден помалку.

Ракометарите на Хрватска стигнаа до тешка победа на гостувањето кај Грција од 26-31 во 5. коло групата 5. Хрватите иако беа големи фаворити дури во второто полувреме успеаја да го урнат отпорот на аутсајдерот и да стигнат до конечен триумф од 26-31. Лука Циндриќ со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Саваш постигна шест.

Во останатите завршени мечеви од денешната програма: Грузија – Швајцарија 19-26 и Романија – Австрија 30-35.

Македонија својот натпревар против Луксембург на гости ќе го игра вечер со почеток во 20.15 часот.

Се вчитува...