Португалија е „футсал-господар“ – Нов епски пресврт за одбрана на европската титула

Футсал репрезентацијата на Португалија ја одбрани титулата Европски шампион откако вечерва во финалето славеше над Русија со 4-2. И повторно Португалците како и во полуфиналето против Шпанија успеаја да се вратат од негатива од 0-2 и на крајот да стигнат до победа.

Русите одлично отворија и со головите на Соколов во 10. и Афанасиев во 13. минута поведоа со 0-2. До крајот на првото полувреме Пако во 19. намали на 1-2. На 2-2 израмни Коелјо во 27, а истиот фудбалер во 32. минута донесе целосен пресврт носејќи ги во предност актуелниот шампиони од 3-2. Конечните 4-2 ги постави Варела во 40. минута. Ова за Португалците е втора титула на континеталните собири.

Интересно е тоа што Португалците последните подготвителни мечеви пред шампинатот ги одиграа против репрезентацијата на Македонија.

Претходно во мечот за третото место Шпанија славеше над Украина со 4-1.

 

Се вчитува...