Португалија испадна, Мурињо може да донесе нов голман во Рома

Испаѓањето на Португалија од европскиот шампионат ќе ги интензивира преговорите на Рома со Вулверхемптон за преселба на голманот Руи Патрисио на „Олимпико“. Португалскиот репрезентативец со години е прв голман на „волците“ во Премиер-лигата, но тој не крие дека сака нов предизвик во кариерата, а Жозе Мурињо го „пикираше“ токму Патрисио како прв голман од почетокот на неговата ера во римскиот клуб.

Преговорите меѓу клубовите се во тек веќе извесно време, „волчицата“ понуди шест милиони евра плус бонуси, додека управата на англискиот премиерлигаш инсистира на отштета од 12 милиони евра. Сепак, во ситуација кога Португалија го заврши настапот на ЕВРО 2020 се очекува разговорите да се интензивираат во наредниот период и што поскоро да биде постигнат целосен договор.

Вулверхемптон веќе го пронајде и наследникот на Патрисио, станува збор за португалскиот голман Хозе Са, кој би требало да пристигне од Олимпијакос за сума од четири милиони евра.

Се вчитува...