Португалија ја декласираше Полска, на Македонија и треба победа од +19 со Турција за пласман на СП

Младата репрезентација на Португалија, за ракометари до 21 година, славеше убедлива победа од 34-21 (18-13) против Полска во првиот меч од последното коло од квалификацискиот турнир за пласман на СП 2017 во Алжир.

По овој убедлив триумф на Португалците, на Македонија ќе и треба победа од најмалку 19 гола разлика против Турција, во мечот кој почнува од 14:30 часот, за да дојде до место на Светското првенство 2017.

Полјаците успеваа да држат едноцифрена негатива се до последните минути. На пет минути пред крајот беше 29-20 за Португалија, а потоа во финишот бројни технички грешки на младите ракометари на Полска резултираа со конечна победа од 34-21.

Сега на младите македонски ракометари ќе им треба триумф од +19 против Турција, како преку подобра гол разлика од Португалците би стигнале до првото место во квалификациската група и пласман на СП во Алжир следната година.

Се вчитува...