Португалија ја шокираше Словенија

Кошаркарите на Португалија стигнаа до голема победа во борбата за пласман на Европското првенство 2025 година, откако вечерва на домашен терен славеа против фаворизираната Словенија со 82-74.

Португалците отворија фуриозно и по првото полувреме имаа предност од огромни 25 поени (49-24). Иако во вториот дел Словенците заиграа подобро, успеаја само да ја намалат негативата за конечни 82-74.

Брито и Делгадо со по 16 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај Словенците залудни беа 23 поени на Препелиќ.

Се вчитува...