Португалија не е Манчестер Јунајтед – Роналдо со солзи во очите при интонирањето на химната

Кристијано Роналдо ги загуби емоциите кога станува збор за Манчестер Јунајтед, но не и кога е во прашање португалската репрезентација. Еден од најголемите играчи во историјата денеска на мечот против Гана го започна своето петто Светското првенство, а интонирањето на химната не помина без солзи.

Легендата вели дека емотивното интонирање на химната дава дополнителна мотивација на натпреварот, а дали овој пат истото ќе биде доволно за Португалецот да го забележи својот осми гол на Мундијалите останува да видиме.

Се вчитува...