Португалија патува на ЕП 2020, реми на Србија со Украина… (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Португалија е вториот патник на Европското првенство 2020 од Групата Б, покрај Украина, откако стигна до неопходната победа во последното коло од квалификациите. Србија, пак, остана на третата позиција откако ремизираше 2-2 на домашен терен со Украина.

Португалците победија на гостувањето против Луксембург со 0-2. Поведоа со голот на Бруно Фернандеш во 39. минута од средбата, а конечните 0-2 ги постави Кристијано Роналдо во 86. минута.

 

Србија имаше предност од 2-1 до самиот финиш со головите на Тадиќ во 9. минута и Митровиќ во 56. минута, но Украина дојде до 2-2 со голот на Беседин во 93. минута. Стрелец на првиот гол за гостите беше Јаремчук во 33. минута.

Се вчитува...