Португалија по 14 години се враќа на Евробаскет

Португалија вечерва му гостува на Израел во петтото коло од квалификациите за Евробаскет 2025, но уште пред овој меч португалските кошаркари имаа причина за славје – обезбедувајќи билет за ЕП благодарение на триумфот на Словенија на дуелот со Украина.

Поразот од Словенците ја остави Украина без никакви шанси за пласман на Евробаскет 2025, па Португалија може да го слави камбекот на големата сцена по 14 години чекање.

Португалците имаа само три победи на 24 средби во квалификациите за 2013, 2015 и за 2017 година, но собраа сили за целосно да ја свртат ситуацијата во своја полза. Тие славеа над Украина во овој квалификациски циклус, потоа приредија сензација со триумфот над Словенија, резултати со кои е осигуран билетот за Евробаскет 2025.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...