Португалија по пенал-рулетот подобра од Шпанија ја освои Лигата на нации (ВИДЕО)

Португалија е победник во Лигата на нациите за сезоната 2024/25 откако во финалниот натпревар, дури по пенал-рулетот, славеше против Шпанија.

Во регуларниот дел и по продолженијата натпреварот заврши 2-2, па на крајот по изведувањето на пеналите Португалците беа подобри со 5-3.

Претходно, Шпанија поведе со голот на Зубименди уште во 21. минута, а откако Мендеш израмни во 26. минута, Ојарзабал во 45. минута повторно ги доведе Шпанците до предност од 1-2. Но, Роналдо во 61. минута израмни на 2-2.

Кристијано Роналдо предвреме мораше да го напушти финалето од Лигата на нациите за неговата Португалија против Шпанија, поради повреда во 88. минута од средбата.

Во пенал серијата, Рамос, Витиња, Мендеш, Бруно Фернандеш и Невес погоди за Португалија, а Мората во четвртата серија не беше успешен кај Шпанците.

Се вчитува...