Ракометната репрезентација на Португалија го освои 5. место на Европското првенство кое што се одржува во Скандинавија откако денеска во мечот за пласман славеше против репрезентацијата на Шведска во еден трилер меч со 36-35.
Двете репрезентации одиграа буквално еден израмнет натпревар во кој ниту една од двете селекции не можеше да се оддели, а клучно беше тоа што Португалците ги имаа последните седум секунди за себе што беа доволни за победа. Мартим Кошта беше херој за својот тим откако стрелаше буквално во последната секунда за конечен триумф од 36-35.
Toкму Мартим Кошта со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Лукас Сандел заврши со осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

