Португалија со 2-1 ја победи Германија на „Алијанц Арената“ во Минхен, и се пласираше во финалето на Лигата на Нации. Таму ќе го чека подобриот од пресметката помеѓу Франција и Шпанија, која се игра утре во Штутгарт.
Португалците беа во независна состојба откако имаа негатива на стартот од вториот дел. По првото полувреме немаше голови, и покрај тоа што и двете селекции имаа неколку шанси. Сепак, на стартот од вториот Флоријан Вирц со глава го совлада Кошта за предност на Германците.
Меѓутоа во продолжението играше само една селекција, онаа гостинската. Португалија доминираше, и преку прекрасниот гол на Консесиао успеаја да го израмнат резултатот. Португалија беше во налет, а тоа го искористи Кристијано Роналдо, кој на асистенција на Мендеш успеа да погоди за пресврт и победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

