Португалија ќе допатува со многу силен состав на Европското првенство за селекции до 21 година, што ќе се одржи во Полска. Оваа репрезентација е во група заедно со Македонија, Шпанија и Србија, а селекторот Руи Жорге одлучи во тимот да го вброи и Ренато Санчез, играчот на Баерн Минхен, кој се наоѓа и на поширокиот список на Фернандо Сантош за А-репрезентацијата на Португалија, која во идентичен термин ќе настапи на Купот на конфедерации во Русија.
Главни ѕвезди на младите Португалци ќе бидат Ренато Санчез (Баерн Минхен), Гонкало Гуедеш (ПСЖ), Диого Хота (Порто), Рубен Невеш (Порто).
Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Португалија до 21 година, Руи Жорге одреди список од 25 репрезентативци, во пресрет на Европското првенство. На него се наоѓаат следните имиња:
Голмани: Варела, Переира и СилваОдбрана: Фонсека, Ребоко, Родригез, Кансело, Же, Фигуеридо, СемедоСреден ред: Невеш, Рамос, Санчез, Жералдес, Подставски, Карвалјо, ФернандешНапад: Лопез, Хота, Гуедеш, Поденсе, Медеирош, Орта, Брума и Пасиенсиа
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА