Македонската фудбалска репрезетнација во вторник од 20 часот и 45 минути силите ќе си ги одмери со Португалија во финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар. До финалето нашите репрезентативци стигнаа со сензационална победа во Палермо над Италија, додека Португалците на домашен терен беа сигурни против Турција.
Добра вест за селекторот Сантош е враќањето на Пепе во комбинација за настап откако поради позитивен тест на Ковид-19 ја пропушти средбата против Турците. Икусниот стопер ќе биде големо засилување за Португалија доколку се земе во обѕир неговото минато кои брои 25 трофеи од кои три во Лигата на Шампионите.
Враќањето на Пепе на тренинзите го поздрави и Кристијано Роналдо кој на социјалните медиуми кратко напиша: Кралот се врати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА