Португалски Есторил со интерес за Дарко Велковски

Дарко Велковски и натаму е без клуб, и ја продолжува потрагата по нов ангажман. Во меѓувреме стоперот не се најде на спиоскот на селекторот Благоја Милевски за натпреварите против Украина и против Ерменија, со оглед дека не е во натпреварувачки ритам од почетокот на сезоната.

Интерес за Велковски имаше од неколку клубови. Еибар од Шпанија, Газиантеп од Турција и Погон Шчечин беа меѓу заинтересираните. Полските медиуими пишуваа дека со Погон беше се договорено, но потоа се испостави дека тој нема да потпише за полската екипа. Се појави информација за интерес и од италијанскиот тим Удинезе.

Сега на редот на екипи кои се интересираат за македонскиот стопер е португалски Есторил. Оваа екипа има проблеми со одбраната, прими 18 голови во седум натпревари, додека нападот функционира одлично и даде 14 голови. Токму од тука Португалците имаа намера да ја засилат дефанзивата, а меѓу кандидатите е токму Велковски кој и натаму е во Скопје и чека на новиот ангажман.

Есторил во моментов е на претпоследното место на табелата со четири бодови, колку што има и последнопласираниот Чавез.

Се вчитува...