Португалскиот суд ја обвини компанијата која управува со Бенфика од Лисабон како и неколку нејзини менаџери дека отвориле фонд преку кој издавале лажни фактури.
Бенфика САД која е одговорна за управување на клубот, е обвинета за даночно затајување, се наведува во кратката изјава на компанијата пред португалските берзански власти.
„Членовите кои биле во Управниот одбор од 2016 до 2020 година, од кој еден и натаму е на функција, исто така се обвинети за истото дело, како и фалсификување на документи“, се наведува во соопштението.
Како што пренесуваат поругалските медиуми, главен осомничен е Луис Фелипе Виеира, претседателот на Бенфика од 2003 до 2021 година, како и Доминго Соареш Де Оливеира, актуелниот претседател на компанијата Бенфика САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

