Португалскиот лудак повторно во центарот на вниманието… (ВИДЕО)

Бешикташ киксираше во 19. коло во турската Супер лига, ремизирајќи (1-1) на свој терен против Ерзурумспор.

Иако Бешикташ доминираше во текот на целиот меч на крајот спасуваше и бод. Гостите поведоа со автоголот на Токоз во 69. минута, за да истиот фудбалер во 78. минута ги постави конечните 1-1.

Но, во центарот на вниманието повторно беше португалскиот лудак, Рикардо Кварезма кој приреди нова глупост во моментите на комплетна доминација на Бешикташ. Од зад грб стартуваше на противнички фидбалер добивајќи директен црвен картон…, па неговиот тим со играч помалку до крајот немаше сили да дојде до комплетен пресврт.

Се вчитува...