Португалскиот премиер со поддршка за Роналдо околу „случајот силување“

Премиерот на Португалија, Антонио Кошта, му изрази поддршка на репрезентативецот и напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој е обвинет за силување на 34-годишна Американка. Според Катрин Мајорга, фудбалерот во хотел во Лас Вегас ја силувал во 2009 година, но Роналдо категорично тоа го негира истакнувајќи дека нема да дозволи да се валка неговото име. Притоа ангажираше силен тим на адвокати кој ќе се занимава со овој случај.

„Луѓето треба да разберат еднаш засекогаш дека никој не е виновен додека не се докаже спротивното. Ако има некаков доказ за Роналдо, тоа е дека е неверојатен професионален и одличен фудбалер. Сакам да кажам дека Португалија нема никогаш да дозволи да се валка неговото име“, изјави португалскиот премиер.

 

Се вчитува...