Португалците добиваат помош: Роналдо и Мендеш донираат во борбата со коронавирусот

Кристијано Роналдо ќе го следи примерот на својот агент, Жорге Мендеш и ќе ја поддржи набавката на медицинска опрема за болниците во Португалија.

Мендеш почна со набавка на 200.000 индивидуални заштитни комплети, а ќе донира и уште 50.000 маски. Сега заедно со него со донацијата продолжува и Роналдо кој ќе донира дополнителни финансиски средства за болниците во Португалија.

„Покрај сето тоа, Мендеш наредниот период нарача и три респиратори за две болници на северот од земјата“ – информираа од центарот за односи со јавност на менаџерската куќа на Мендеш.

Роналдо во моментов се наоѓа во родната Мадеира каде е од почетокот на март. Португалецот е во карантин со оглед и на прекинот на тренинзите на Јувентус.

Се вчитува...