Португалците го слават Роналдо: Влезе од клупата и донесе пресврт-победа над Шкотска

Кристијано Роналдо продолжува да ги тресе мрежите на противниците во дресот на португалската репрезентација откако големиот ас донесе пресврт и победа од 2-1 на дуелот со Шкотска.

Интересно, селекторот Мартинез го остави Кристијано на клупата од самиот почеток, но откако Шкотите имаа 0-1 по првите 45 минути Роналдо влезе во игра на самиот почеток од второто полувреме.

Бруно Фернандеш израмни на 1-1, при овој резултат Роналдо два пати го погоди дирекот од противничкиот гол, за на крајот во 90. минута да го постигне победничкиот гол за тотална еуфорија на теренот и на трибините на стадионот „Луж“.

Ова беше вкупно 132. погодок за Роналдо во неговата репрезентативна кариера, а Шкотска е 48. различна селекција против која Кристијано успеал да се запише меѓу стрелците.

Се вчитува...