Португалија е последниот патник во полуфиналето на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, откако вечерва во трилер натпревар по продолженија славеше над Германија со 31-30.
Португалците одлично го отворија натпреварот и во неколку наврати во првиот дел имаа и плус четири, предност со која успеаја да заминат на пауза (13-9). Во вториот дел кај Германците се разбрани неверојатниот Андреас Волф кој успеа да го врати својот тим и да го внесе мечото во егал.
На минута до крајот Германија влезе со предност од еден гол 25-26, по што следуваше гол на Португалците за 26-26. Последниот напад го имаа Германците, кој не успеаја да го реализираат, па натпреварот замина во продолженија.
Таму повторно се играше гол за гол, а последниот напад овојпат го имаа Португалците кои преку Мартим Кошта стигнаа до победа од 31-30. Франциско Кошта со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените залудна беше 21 одбрана на неверојатниот Андреас Волф, како и деветте гола на Лукас Зербе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА