Ѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо ќе биде на располагање на селекторот за првиот меч на Светското првенство, и покрај црвениот картон добиен на квалификацискиот натпревар против Република Ирска.
40-годишниот Роналдо беше исклучен поради удирање со лакот во грб на Дар О’Ши во текот на поразот на Португалија од 2-0. И покрај тоа што ваквото однесување се казнува со 2-3 натпревари, ФИФА одлучи вториот и третиот меч да биде казнет условно.
Како што пренесува Би-Би-Си, во предвид е земен фактот што ова му беше прв црвен картон на Роналдо во 226 настапи за португалската селекција. Со тоа Роналдо веќе ја одработи суспензијата на мечот со Ерменија, па нема да пропушти ниту еден меч на идниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

