Младата репрезентација на Португалија ќе биде значително ослабена за дуелот против Македонија во последното коло од групната фаза. Дефанзивецот Рубен Семедо и капитенот Бруно Фернандес, кои се вбројуваат меѓу најголемите „ѕвезди“ во оваа селекција, на дуелот со Шпанија заработија нови жолти картони, втори на ова првенство, што значи дека ќе бидат суспендирани за натпреварот против нашата селекција. Новиот дефанзивец на Вилјареал и плејмејкерот на Сампдорија ќе го проследат натпреварот од трибини.
За разлика од Португалија, тимот на Милевски е комплетен и нема закани за суспензија, но селекторот најави дека ќе им даде шанса на дел од помладите фудбалери за решавачкиот дуел. На два меча Македонија заработи само два жолти картони. Против Шпанија во првото коло младите фудбалери одиграа мудро и без многу остри стартови, а првите картони ги заработија Маркоски и Елмас вчера против Србија.
Иако шансите за пласман во нокаут фазата се речиси невозможни, Македонија ќе оди на победа како и на секој натпревар, нема многу простор за калкулирање, па и да не забележат триумф, нашите фудбалски надежи нема лесно да им ги „дадат“ потребните бодови на Португалците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА