Портуалската репрезентација ќе биде ослабена за престојното Европско првенство кое во јануари 2026 ќе се одржи во Данска, а каде е во група заедно и со Македонија.
Португалците ќе бидат без еден од своите клучни голмани, Диого Рема од Порто кој се повреди на натпреварот со Спортинг.
Според информациите од португалските медиуми, Реам ги повредил лигаментите на коленото, веднаш е извршена операција и за него целата сезона е веќе завршена.
Португалскиот селектор Пауло Переира за Европското првенство на голманската позиција сега ќе смета на Густаво Капдевил од Бенфика, Диого Пирес од Олимпијакос и Педро Гаља од Сиудад Енкантада. Исто и Мигуел Еспиња од Вардар е повреден и надвор од селекцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

