Португалија е единствената земја во светот каде фудбалските судии можат на играчите да им покажат бел картон за „фер-плеј“, а се има намера оваа едукативна мерка да се втурне и во професионалниот фудбал на меѓународно ниво.
Во 2014 година, Националниот план за етика во спортот (ПНЕД), национална организација која работи во рамките на Португалскиот институт за спорт и млади, го воведе белиот картон во јуниорските натпревари.
„Гледам успешна иднина за белиот картон. Тоа е револуционерна карта од педагошки аспект. Го вади најдоброто во спортот“, вели Хозе Лима, координатор на ПНЕД.
Судијата, покрај жолтите и црвените картони за фаули или неспортско однесување, на играчите може да им покаже и бел картон за позитивно однесување во текот на играта.
Бели картони досега се покажани 3.600 пати во Португалија на младински натпревари во фудбал, професионален женски фудбал, футсал, пливање, тенис, кошарка, ракомет, атлетика и други спортови. Во моментов, 78 локални организации и здруженија во 20 спортови користат бели картони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

