Португалците се во топ-форма – ја преслушаа Шпанија на „генералката“ пред ЕП

Португалија уште еднаш потврди дека се наоѓа во топ-форма во пресрет на европскиот шампионат откако оваа селекција успеа да триумфира на силниот турнир што се одржуваше во Шпанија.

Откако во првите две кола најпрвин ремизираа со Египет (31-31), а потоа и го декласираа Иран (41-20), Португалците својот најдобар меч го одиграа токму вечерва, совладувајќи ја домашната Шпанија со 31-34. Успехот е уште поголем ако се знае дека Шпанците имаа водство од 16-14 по првиот дел, потоа „црвената фурија“ во второто полувреме имаше и шест гола предност.

Сепак, Португалија се врати, во 54. минута успеа да израмни на 29-29, а потоа во завршницата со ефикасен напад да стигне до победата и до трофејот на овој силен турнир.

Мартим Коста со седум гола беше најдобар поединец во победничкиот тим, каде Салвадор реализираше шест погодоци.

Португалија ќе биде втор ривал на Македонија во групната фаза од EП 2026, меч што ќе се одигра во Хернинг на 18 јануари.

Се вчитува...