Португалската репрезентација неславно го заврши својот настап на СП 2022, губејќи ја четвртфиналната пресметка од селекцијата на Мароко.
Португалците денеска се враќаат дома, но дури десетмина фудбалери нема да бидат дел од експедицијата што ќе слета вечерва во Лисабон. Прв на листата на играчи кои останаа во Катар е капитенот Кристијано Роналдо, кој беше во конфликт со селекторот Сантош по одлуката да биде оставен на клупата за резерви на последните две средби со Швајцарија и со Мароко.
Покрај Роналдо, на чартер-летот за Лисабон нема да се најдат ниту Бернардо Силва, Бруно Фернандеш, Диого Далот, Рубен Невеш, Руи Патрисио, Рафаел Гереиро, Рафаел Леао, Жоао Кансело и Махеус Нуњес.
Од почетната листа од 26 играчи на Португалија, Данило Переира и Нуњо Мендеш уште пред една седмица заминаа од Катар по повредите заработени на ова СП, по што почнаа со рехабилитациски програми во тренинг-центарот на својот клуб ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА