Ракометната репрезентација на Португалија останува со шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Германија откако денеска во меч од 2. коло од главната група 2 славеше над Словенија со 30-33.
Иако по првото полувреме натпреварот беше во егал, а на пауза Португалците заминаа со само еден гол предност 18-17, некако целиот натпревар даваше впечаток дека победникот е познат. Тоа се случи во второто полувреме кога во неколку наврати Португалија замина на плус три и на Словенците не им дозволи ниту да се понадеваат дека можат да се вратат во мечот. Maртим Кошта со 11 гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мацковшек постигна седум гола.
Вечерва во 2. коло од групата 2 ќе играат уште и: Норвешка – Холандија и Данска – Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА