Португалскиот гигант Спортинг Лисабон му нуди петгодишен договор на македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски и трансферот наскоро ќе биде комплетиран. И покрај негирањата од самиот фудбалер, објавени во хрватските медиуми, сепак, „А Бола“ тврди дека постигнат е договор за Ристовски во следните пет сезони да го носиб дресот на Спортинг Лисабон.
Клубот и играчот ги договориле личните услови, а останува во наредниот период да се постигне согласност и меѓу двата клуба. Спортинг Лисабон понуди 2 милиони евра отштета, Ријека бара најмалку еден милион евра повеќе, па преговорите треба да влезат во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА