Њујорк претрпе пораз од Милвоки, но многу посериозен прблем од конечниот исход на натпреварот за никси е повредата на нивниот најдобар кошаркар Кристапс Порзингис.
Летонецот настрада откако по едно забивање при доскокот ја згазна ногата на Јанис Антетокумпо, здобивајќи се со сериозна повреда на коленото. Деталните прегледи само ги потврдија стравувањата дека станува збор за сериозен проблем, лигаментите во левото колено се скинати, па не само што Порзингис ќе го пропушти преостанатиот дел од оваа, туку и стартот од следната сезона.
Првичните прогнози на лекарите се пауза од дури десет месеци, што би значело дека Порзингис ќе може да се врати на терените некаде пред крајот на оваа 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА