Порзингис неизвесен за петтиот натпревар од НБА финалето

Бостон Селтикс имаат шанса да стигнат до 18. титула во својата богата НБА историја во петтиот натпревар од финалната серија против Далас. За успех „зелените“ ќе ја имаат и поддршката од домашната публика, но се чини не и од Криштапс Порзингис кој се очекува да биде неизвесен до самиот почеток на средбата.

Летонецот поради повреда пропушти подобар дел од плеј-офот, но се врати за финалето и имаше фантастичен настап во првите два натпревари.

„Се уште немам разговарано со него и не знам како точно се чувствува, но знам дека работи на себе со цел да се врати на теренот. Тоа е сигурно“, изјави тренерот на Бостон, Џо Мазула.

Натпреварот во „ТД Гарден“ ќе биде одигран вечерта помеѓу понеделник и вторник со почеток од 02:30.

Се вчитува...