Порзингис се враќа во тимот на Бостон за финалето во НБА

Кошаркарот на Бостон, Кристапс Порзингис, најави дека ќе игра за Селтикс во големото финале на НБА лигата, пренесуваат американските медиуми.

Порзингис се повреди на 29. април во натпреварот број четири од првото коло од плејофот на Источната конференција на НБА против Мајами. Бостон го елиминира Мајами во првото коло од плејофот на Истокот, потоа Кливленд и Индијана со што ја освои Источната конференција.

„Благодарам на сите што ме поддржуваа во текот на целата сезона. Наскоро ќе се вратам на теренот. Се гледаме во финалето“, напиша Порзингис на социјалната мрежа „Х“.

Бостон ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Далас и Минесота во финалето на НБА плеј-офот. Далас води со 3-1 во серијата која се игра на четири победи. Следниот натпревар е закажан за в петок во Минеаполис.

Американските медиуми пренесуваат дека Порзингис најавил дека ќе игра за кошаркарската репрезентација на Летонија на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри кој е закажан од 2. до 7. јули.

Се вчитува...