Тимот на Мерцедес со убав гест му оддаде почит на легендарниот Ники Лауда кој се опоравува по трансплантацијата на белите дробови.
На прославата на шампионската титула на Луис Хамилтон и петтата титула во конструкторска конкуренција, во базата на Мерцедес, шефот Тото Волф и возачите Луис Хамилтон и Валтери Ботас заедно со целиот тим носеа цревни капи на главите како таа што ја носи Ники Лауда и го поздравија легендарниот возач кој поради здравствената состојба не можеше да присуствува на прославата.
„Ќе се сретнам со Ники во петок и многу сум среќен. Тој се чувствува подобро и повторно ќе биде дел од нашиот тим. Ако успее да дојде во Абу Даби ќе биде прекрасно. Ако не успее, јас планирам да патуваме заедно за Австралија догодина“ – изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА